1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ФАЦ за изборите во Македонија: Орбан доби нов сојузник

БГ
9 мај 2024

Приближувањето на Северна Македонија кон ЕУ би можело да заврши со доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ, пишува во анализа влијателниот германски весник Франкфуртер алгемајне цајтунг.

https://p.dw.com/p/4ffwe
Христијан Мицкоски
Христијан МицкоскиФотографија: Petr Stojanovski/DW

Промената на власта во Северна Македонија ќе означи крај на политиката на попуштање за приближување на земјата кон ЕУ, анализира Франкфуртер алгемајне цајтунг, во текстот објавен на денот на изборите. Причината за тоа, наведува весникот, е што „досегашната опозиција има јасни црвени линии кога е во прашање спорот со соседна Бугарија", која и го блокира патот на земјата во ЕУ.

За целосно да ги отвори преговорите со ЕУ, Македонија мора да ги вметне Бугарите во Уставот, но нема гаранциите дека блокадите нема да продолжат и натаму.

„Исполнувањето на првото бугарско барање во најдобар случај ќе го расчисти патот за почеток на пристапните преговори. Но, потоа би имало закана од бројни натамошни бугарски вета, се сомнева идниот македонски премиер (Христијан Мицкоски, н.з.). Тој ќе прифати уставна промена во корист на бугарското малцинство во неговата земја само ако има гаранции дека тоа е последното бугарско барање. Меѓутоа, ЕУ не може да му даде таква гаранција- а Бугарија не сака да му ја даде токму затоа што, всушност, има богатство од други барања“, пишува ФАЦ

Крај на ЕУ патот?

„Оттука, процесот на приближување на Северна Македонија кон ЕУ од средата би можел да дојде до крајот. Досега владејачката СДСМ лошо се справуваше со проблемите и го загуби кредитот кај граѓаните. Партиското раководство важи за неспособно и корумпирано“, наведува ФАЦ. 

На европско ниво, продолжува весникот, смената на власта во Скопје ќе значи и дека унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе си добие нов сојузник во Европа.

„Мицкоски изрично го опишува Орбан како ’пријател’, кому му верува и го почитува. И поранешниот премиер Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, ги негуваше врските со Орбан. Груевски владееше со земјата повеќе од 10 години, кои во последната фаза беа изразено корумпирани и авторитарни. Денес Груевски живее во Унгарија, каде Орбан му обезбеди политички азил“, пишува ФАЦ.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи